Заштита на укажувачи

Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во
институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради
заштитено внатрешно пријавување во Јавното комунално претпријатие Никола Карев -Пробиштип
е назначено лицето: Александар Пешевски Дипл. правник – Раководител на одделение за
човечки ресурси Контакт моб: 078 241 947 еmail:pesevski.aleksandar@yahoo.com
Законот за заштита на укажувачи
Со Законот за заштита на укажувачите (Сл. Весник на РМ 196/2015 и 35/18) се овозможи
пријавување на случаи на кривично дело или друго незаконито однесување и со тоа активно да се
вклучи во настојувањата за законитотост и владеење на правото, но и во борбата против
корупцијата. Законот обезбедува заштита за оној што ќе пријави и за неговите блиски лица.
Што е заштитено пријавување?
Заштитеното пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачите се дефинира како
пријавување со кое, во согласност со овој закон, се пренесува разумно сомневање или сознание
дека е извршено, дека се извршува или дека е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго
незаконито или недозволиво постапување, со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.
Внатрешно и надворешно пријавување
Заштитено внатрешно пријавување укажувачот врши во институцијата, односно во правното лице,
за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело,
или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот
интерес.
Укажувачот, може да изврши пријавување и надвор од институцијата, односно правното лице за
каде го врши пријавувањето, и при тоа таквото пријавување да се смета за заштитено надворешно
пријавување, но само под услови пропишани со законот. Институции кои се надлежни за
надоврешно пријавување: Министерство за внатрешни работи, Државна комисија за спречување
на корупцијата, Народниот правобранител и Јавното Обвинителство.
Со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и
постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено
пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.
Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во
институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради
заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување .

Закон за заштита на укажувачи:

Закон за заштита на укажувачи (mioa.gov.mk)

Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор:

Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор (mioa.gov.mk)

Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување
во правното лице во приватниот сектор:

Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор (mioa.gov.mk)

Упатство за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од
пријавите и обезбедување на заштита на личните и други податоци на укажувачите:

Upatstvo_ukazuvachi.pdf (mioa.gov.mk)

Процедура за прием на пријави од укажувачи: